28/06/2006
Цветана Пиронкова (18) ја победи Германката Ана-Лена Гроенфелд на турнирот на Вимблдон и се пласираше во вториот круг. Исто така во вестите од културата и спортот: во Бања Лука се реконструира историска џамија, изложени антички и модерни скулптури во Грција, а турската поп-ѕвезда Таркан планира шоу во Романија.
![]() Цветана Пиронкова од Бугарија играше со Ана-Лена Гроенефелд од Германија на дводневниот шампионат во тенис на Вимблдон во Лондон. [Getty Images] |
Осумнаесетгодишната тениска сензација Светлана Пиронкова од Бугаријa, донесе големо изненадување во првиот круг од Вимблдон, поразувајќи ја Германката Ана-Лена Гроенефелд. И покрај тоа што го изгуби првиот сет, Пиронова ги сврте работите и на крајот победи на натпреварот со 3:6, 6:3, 6:1. Таа сега ќе игра со Агнешка Радванска од Полска.
***
Албанските и италијанските археолози оваа недела ќе започнат со ископувањата кај атничкиот римски амфитеатар во Драч, Aлбанија, со цел да ја откријат целата структура. Ископувањата се дел од проектот вреден 25.000 евра за поставување на археолошки парк на овој локалитет.
***
Mинистерот за бегалци и раселени лица на Република Српскa, Омер Бранковиќ, рече дека започна реконструкцијата на Ферхадиевата џамија во Бања Лука, која беше уништена за време на конфликтот во Босна и Херцеговина (БиХ). Џамијата, која датира од 16-тиот век, се наоѓа на листата на национални споменици на БиХ.
***
Во Националната глиптотека на Грција во Aтина беше поставена нова трајна изложба на грчки и странски скултури. Посетителите можат да видат преку 150 дела на грчките скулптори од 19-тиот и 20-тиот век, како и делата на некои современи уметници како што се Сантијаго Калатрава и Рене Магрите.
***
Tурската поп ѕвезда Таркан планира концерт во Букурешт на 12-ти јули. Шоуто претставува дел од регионалната турнеја за промоција на неговиот трет албум „Come Closer“. Претходниот албум на Такран „Aacayipsin“ беше продаден во два милиони примероци во Турција и во странство.
***
Дванаесеттиот Фестивал на алтернативен и нов театар ИНФАНТ започна во Нови Сад, Србијa на 24-ти јуни и ќе трае до крајот на овој месец. Учествуваат десет театарски трупи, од Белгија, Грција, Италија, Јапонија, Холандија, Србија и Јужна Кореја.
***
Tурскиот моден креатор Умит Унал на 22-ри јуни во Софија ја претстави својата најнова колекција „Карл Валентин“ (есен-зима 07). По овој повод бугарски манекени учествуваа на авангардното шоу што се одржа во главниот град.
***
На 23-ти јуни започна снимањето на краткометражниот филм „Мост“ на младиот босански режисер и актер Харис Билајбеговиќ. Филмот ги опфаќа настаните од мај 1992 година кога 13 бошњачки цивили -- меѓу кои и дедото на режисерот -- беа убиени од страна на српската војска. Филмот е продуциран од две австриски претпријатија, Илуминати филм и Филмхаус Виена, со поддршка на општината Сански Мост.
(Разни извори – 21/06/06-28/06/06)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's