03/05/2006
Преглед на спортски и забавни вести и вести од културата во Југоисточна Европа од 26-ти април досега.
(Разни извори – 26/04/06 – 03/05/06)
![]() Каталина Понор од Романија прославува по освојувањето на златниот медал во натпреварот на греда од финалето за поединци на 26-тиот Европски женски шампионат во уметничка гимнастика во Волос, Грција во неделата (30-ти април). [Getty Images] |
Шефот на турската Агенција за соработка и развој, Сулејман Јилмаз, вели дека организацијата е подготвена да ја поддржи реконструкцијата на мостот Мехмед-паша Соколовиќ на реката Дрина во Вишеград, Босна и Херцеговинa (БиХ). Јилмаз официјално го објави ова за време на посетата на Вишеград минатата недела. Мостот од отоманскиот период се наоѓа на листата на националните споменици на БиХ.
***
Минатата недела во Националниот историски музеј во Софијa беше отворена уникатна изложба на бугарски златни и сребрени предмети од средниот век. Околу 400 предмети кои датираат од Втората бугарска држава (од 12-тиот до 14-тиот век) и Доцниот среден век (од 15-тиот до 17-тиот век) се изложени за првпат.
***
Документарниот филм на хрватската режисерка Ивона Лука „Што да се прави со себе преку ден“ ја освои главната награда на петнаесеттиот фестивал Денови на хрватскиот филм, што се одржа во Загреб од 25-ти до 28-ми април. Филмот доби награди и на неколку странски фестивали претходно оваа година.
***
Грчкиот композитор Микис Теодоракис ќе ја добие наградата Водач на Легијата на честа - највисоката почест на Франција што се доделува на странски уметници, интелектуалци и научници. Теодоракис ќе ја прими наградата за време на официјалната посета на француската министерка за европски прашања, Катрин Колона на Атина на 17-ми мај.
***
Tурскиот писател Орхан Памук беше прогласен за еден од овогодинешните 100 највлијателни луѓе од страна на списанието Time. Признанието дојде поради неговите дела, како и поради тоа што јавно зборуваше за контроверзни прашања, вклучувајќи ги и масакрите од Втората светска војна на Ерменците. Памук беше единстевниот претставник од Балканот на листата.
***
Првата хрватска регата на сплавови „Зрмања 2006“ се одржа на реката Зрмања минатиот викенд. На регатата учествуваа триесет и два тима, меѓу кои и еден предводен од министерот за транспорт и туризам, Божидар Калмета. Настанот имаше за цел промовирање на туризмот во Хрватска, особено во регионот на Задар.
***
Mакедонскиот баритон Борис Трајанов ја прослави 20-годишнината од професионалната работа со концерт во Скопје на 28-ми април. Помеѓу специјалните гости беше и диригентот Фабрицио Карминати и македонската „кралица на ромската музика“, Есма.
***
Националниот театар на Републикa Српска ја освои наградата за најдобра претстава на 23-тиот фестивал Денови на Нушиќ, во чест на големиот српски писател, драмски автор и сатиричар, Бранислав Нушиќ (1864-1938). Настанот се одржа во Смедерево, Србија од 24-ти до 30-ти април.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's