Деловен преглед

14/10/2005

Преглед на деловни и економски вести од Балканот од 14-ти октомври досега:

(Разни извори – 07/10/05 – 14/10/05)

photo

Азерскиот претседател Илхам Алијев (лево), грузискиот претседател Михаил Сакашвили (во средината) и турскиот претседател Ахмет Неџдет Сезер во средата (12-ти октомври) го притискаат копчето за почеток на работата, на отворањето на грузискиот дел од нафтоводот Баку-Тбилиси-Чејхан во грузискиот град Гардабани, 40 километри југоисточно од Тбилиси. [AФП]

Aлбанската влада објави дека ќе ја испита продажбата на државното претпријатие „Албтелеком“ на едно турско претпријатие. Министерот за индустрија и економија, Генц Рули, побара од парламентот да го замрзне договорот додека не биде ангажирана некоја реномирана меѓународна фирма за да ја провери продажбата. Претходната влада на социјалистите му продаде 76 отсто од „Албтелеком“ на „Чалик Енерџи“ за 120 милиони евра.

***

Европската инвестициона банка й додели на Албанија заем во висина од 19 милиони евра за обнова на главната патна инфраструктура во земјата, објави Министерството за финансии. Кредитот има период на достасаност од 20 години и тригодишен грејс-период.

***

Европската комисија (ЕК) објави дека ќе ја даде Грција на суд поради непридржувањето на правилата на ЕУ за комбинираниот транспорт. Одлуката на ЕК беше донесена откако една австриска фирма се пожали дека грчките власти ги спречиле нејзините камиони да го завршат патувањето, обвинувајќи ги за илегален патен транспорт.

***

Во ноември мaкедонската влада ќе ги отвори првите тендери за приватизација во енергетскиот сектор: еден за термоцентралата Неготино, и другиот за Електродистрибуција. Според министерот за економија, Фатмир Бесими, процедурите на продажба мора да бидат комплетирани до крајот на оваа година.

***

Германското претпријатие „Кауфланд“ ги обелодени плановите за инвестирање на 300 милиони евра во Романијa во текот на следните пет години, Кауфланд има намера да воспостави мрежа од 40 хипермаркети низ целата земја.

***

Босна и Херцеговинa (БиХ) забележа прилив од 130,8 милиони евра во надворешните директни инвестиции во првата половина од 2005 година, зголемување од 25,9 отсто за период од една година, како што објави Централната банка на БиХ. Од вкупните инвестиции 53,3 отсто се во банкарството, додека 40,6 отсто се во производството.

Поврзани написи

Loading

***

Хрватската Централна банка пресмета дека овогодинешната стапка на инфлација ќе достигне 3,7 отсто - околу 1,2 процентни поени над иницијалното предвидување. Банката ова го припишува на повисоката стапка на надворешните фактори како што е зголемувањето на цените, како и неповолните временски услови кои ја зголемија цената на домашното овошје и зеленчук.

***

Tурскиот заменик-премиер Абдулатиф Сенер рече дека владата ја одреди стапката од 5 отсто за инфлацијата на крајот од годината како една од своите макроекономски цели за 2006 година. Новата мисија на ММФ пристигна во Турција на 12-ти октомври, на разговори во врска со економската политика на владата, вклучувајќи ги и буџетските прашања.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар