19/01/2011
САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Германската канцеларка Ангела Меркел, наводно, ги поканила политичките водачи од БиХ на разговори во Берлин во обид за надминување на ќор-сокакот во формирањето нова влада на БиХ, во врска со општите избори во октомври, објавија медиумите во вторникот (18-ти јануари). Водачот на Партијата за демократска акција (СДА) Сулејман Тихиќ и Бакир Изетбеговиќ, исто така од СДА, кој е бошњачки член на трипартитното претседателство на БиХ, ќе бидат во Берлин во среда, додека Драган Човиќ, водачот на најголемата хрватска партија ХДЗ БиХ, ќе бидат таму в петок. Водачот на Сојузот на независните социјалдемократи и претседателот на Република Српска, Милорад Додик, како и Златко Лагумџија, водачот на Социјалдемократската партија, партијата која победи на изборите во ФБиХ, наводно ќе го посетат Берлин следната недела. (РТРС, Срна, Дневни аваз - 18/01/11)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's