06/12/2010
ТИРАНА, Албанија -- Властите бараат помош од странство за справување со вонредната ситуација до која дојде поради масовните поплави во северниот дел. Министерот за надворешни работи, Едмонд Хаџинасто, во неделата (5-ти декември) се состана со амбасадорите на земјите од ЕУ и НАТО во Тирана. „Побаравме [тие] да ни помогнат со мали чамци за транспорт на храна и медицински дотур, како и со шатори за сместување на евакуираните граѓани“, рече Хаџинасто по состанокот. Грција, Италија и Австрија беа првите земји од ЕУ што одговорија на повикот. Турција испрати хеликоптери со воен и медицински персонал.
Полицијата во неделата објави дека повеќе од 12.000 луѓе се евакуирани од северниот град Скадар, каде што 14.000 хектари земјиште со денови е под вода. Реките Буна и Дрим го поплавија регионот, по десетдневните непрекинати дождови. До некои од населбите во Скадар може да се стигне само со чамци, додека во некои села, водата е длабока 3 метри. Други области зафатени од поплавите се пристанишниот град Драч и јужните градови Фиери и Валона. (РФЕ, ББС, ВоА, Шекули, Алсат, Клан, Топ ченал - 05/12/10)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's