07/10/2010
САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Опозициската Партија за демократски напредок (ПДП) во средата (6-ти октомври) ја повика Државата изборна комисија (ЦЕЦ) да ги повтори изборите за српскиот член на трипартитното претседателство на БиХ, поради големиот број невалидни гласачки ливчиња. Последните резултати на ЦЕЦ, засновани на скоро 99 пребројани гласови, покажуваат дека неважечките гласачки ливчиња сочинуваат околу 9,4 отсто од вкупниот број гласачки ливчиња во Република Српска, што е невообичаено висока бројка. ЦЕЦ вели дека актуелниот член на претседателството Небојша Радмановиќ од владејачкиот Сојуз на независните социјалдемократи освои 49,76 отсто од гласовите, поразувајќи го водачот на ПДП, Младен Иваниќ, заеднички кандидат на опозицијата, кој доби 46,98 отсто од гласовите. Разликата беше околу 15.744 гласови -- помалку од една третина од сите неважешки гласови. ЦЕЦ не коментираше за барањето на ПДП. (Срна, Независне новине, Фена, РТРС - 06/10/10)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's