03/10/2010
СКОПЈЕ, Македонија -- Неколку американски конгресмени испратија писмо до претседателот Барак Обама со поддршка на македонската кандидатура за влез во НАТО, објавија локалните медиуми во саботата (2-ри октомври). Во писмото, 19 членови на Конгресот велат дека Соединетите Држави треба да ги охрабрат членките на Алијансата да й понудат официјална покана за членство на земјата на престојниот самит во ноември во Лисабон. Тие, исто така, велат дека кандидатурата на Македонија за членство во НАТО не треба да се поврзува со финалниот исход од долготрајниот спор во врска со името меѓу Скопје и Атина.
„Иднината на Македонија во евроатланските структури, како и безбедноста и стабилноста на Југоисточна Европа, повеќе не смеат да бидат негативно влијание на билатералните прашања со Грција“, се вели во писмото. Истото беше испратено до претседателот, пред посетата на македонскиот министер за одбрана, Зоран Коњановски, на Соединетите Држави следната недела. Копии од истото беа испратени и до заменик-претседателот Џо Биден, државната секретарка Хилари Клинтон и секретарот за одбрана, Роберт Гејтс. (MИА, Сител, Макфакс - 02/10/10)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's