19/09/2010
СКОПЈЕ, Македонија -- Македонија и Србија во саботата (18-ти септември) се согласија да им дозволат на своите граѓани да ја преминуваат заедничката граница со лични карти, наместо со пасоши. Иницијативата беше објавена по состанокот во Скопје меѓу македонската министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и нејзиниот српски колега, Ивица Дачиќ. Мерката најпрво ќе се однесува само на луѓето што живеат во пограничните зони. Понатамошни регулативи се потребни пред истата да може да се спроведува за сите граѓани на Србија и Македонија. Двајцата министри, исто така, се согласија да продолжат со соработката во борбата против организираниот криминал, тероризмот и корупцијата. (MИА, Макфакс, Алсат М, А1, Танјуг, РТС, АФП - 18/09/10)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's