02/08/2010
СКОПЈЕ, Македонија -- Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, го преживеа гласањето за доверба иницирано од главната опозициска партија, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), и Новата социјалдемократска партија поради инцидент во парламентот. Иницијативата беше отфрлена со 61 наспрема 14 гласови. Пратениците од владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја отфрлија иницијативата како неоснована. Пред една недела парламентот формираше анкетна комисија да ја испита расправијата од 1-ви јули која ги заостри односите меѓу опозицијата и владејачкото мнозинство. Опозициската СДСМ ја обвини полицијата дека ги заплашува пратениците и дека ги шпионира нивните активности, откако полициски агент се обиде да го сними нивниот разговор со група незадоволни работници. (A1, Макфакс, Сител, МИА - 31/07/10)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's