Ван Ромпуј: Ратификацијата на ДСА на Србија ќе започне во јуни

07/03/2010

БРИСЕЛ, Белгија -- Претседателот на ЕУ Херман Вна Ромпјуп во петокот (5-ти март) рече дека верува оти Унијата ќе ја започне ратификацијата на Договорот за стабилизација и асоцијација (ДСА) со Србија во јуни. Ван Ромпуј во Брисел се состана со српскиот премиер Мирко Цветковиќ, кој рече дека приоритет број еден за неговата држава е пристапувањето во ЕУ. Ван Ромпуј рече дека сега кога привремениот договор постигнат во декември е активен, ЕУ може целосно да ги поддржи напорите на Србија за интеграција.

Цветковиќ е решен неговата земја да добие кандидатски статус во ЕУ во 2010 година. Добивањето на посакуваниот статус беше блокирано поради противењето од страна на Холандија, која бара Белград целосно да соработува со Хашкиот трибунал за воени злосторства и да го уапси воениот водач на босанските Срби Ратко Младиќ. За време на посетата на Брисел, Цветковиќ се состана со неговиот белгиски колега Ив Летерм. Тие се согласија за блиска соработка со цел решавање на проблемот со барателите на политички азил од јужна Србија и Македонија, кои живеат во Брисел. Шведска и Швајцарија, исто така, се жалат на зголемениот број баратели на азил од Србија, Македонија и Црна Гора. (Бета, РТС - 05/03/10)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар