05/03/2010
AТИНА, Грција -- Државата понуди десетгодишни државни обврзници во четвртокот (4-ти март), во обид да подигне пари и да надомести дел од својот огромен буџетски дефицит. Само неколку часа по нивното издавање, вредноста на обврзниците достигна 7 милијарди евра; далеку повеќе од 5-те милијарди евра што се предвидуваа со анализите. Пет банки беа избрани како надлежни за понудата.
Во другите вести од четвртокот, претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Жан-Клод Трише, рече дека би било „апсурдно“ за Грција да ја напушти еврозоната. „Грција е денес многу подобра држава ... во споредба со претходно“, рече Трише по состанокот со претставниците на ЕЦБ. Грчкиот премиер Јоргос Папандреу е во Луксембург, каде што в петок ќе се состане со Трише; тој, исто така, се очекува во Берлин, на разговори со германската канцеларка Ангела Меркел.
Грчките мерки на штедење и понатаму наидуваат на силен отпор дома. Синдикатот на приватниот сектор ГСЕЕ и синдикатот на јавниот сектор АДЕДИ ги повикаа членовите да се соберат пред парламентот во петокот против мерките на штедење. Протестот го погоди транспортот, училиштата и медиумите. (AФП, Фокус, Блумберг - 05/03/10; AФП, Ројтерс, Вол стрит џрнал - 04/03/10)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's