03/03/2010
БРИСЕЛ, Белгија -- Европската комисија (ЕК) во вторникот (2-ри март) ги повика властите во Македонија, Црна Гора и Србија да ги предупредат граѓаните кои патуваат без визи во ЕУ дека слободниот пристап во Шенген зоната не значи оти може да бараат политички азил. Портпаролот на ЕК Мишел Черконе рече дека белгиските власти го информирале Брисел за приливот баратели на азил од државите кои неодамна се приклучија на безвизниот режим. Черконе истакна дека „големо мнозинство од овие апликации за азил се прават од економски интерес и имаат реално многу мала шанса за успех.“
Српскиот вицепремиер Божидар Ѓелиќ во вторникот рече дека српските државјани кои бараат политички азил во земјите-членки на ЕУ ќе бидат репатрирани во согласност со договорот за реадмисија, додека организаторите на шемите ќе бидат казнети. Во Македонија владата во вторникот одлучи да формира комисија која ќе ги следи апликациите за азил поднесени од македонските државјани во другите држави. (Бета, РТС, А1, Макфакс, Б92, АП - 02/03/10)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's