28/02/2010
БУКУРЕШТ, Романија -- Маријан Сарбу, член на Домот на делегатите, во петокот (26-ти февруари) објави дека ја напуштил Социјалдемократската партија (ПСД) и нејзината парламентарна група. Тој посочи дека би сакал да се приклучи на групата независни пратеници, која се собра околу Габриел Опреа, уште еден поранешен претставник на ПСД. Сабру е третиот парламентарен член кој ја напушти ПСД откако партијата го избра Виктор Понта за свој нов претседател. Според гласините, и поранешниот претседател Мирчеа Џоана, исто така, ја напушта ПСД.
Опреа ги зголеми шпекулациите дека ќе формира нова левичарско-центристичка партија откако коментарираше за потребата од алтернативна левица на центристичката група. Тој, исто така, посочи дека оние кои неодамна ја напуштија ПСД би биле добредојдени во новата формација, особено Сабру. (Адеварул, Евениментул зилеи, Зиаре, Котидианул, Реалитатеа - 26/02/10)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's