26/02/2010
БУКУРЕШТ, Романија -- Јавните службеници ќе ги напуштат своите работни места во март и ќе протестираат поради намалените плати, предупреди во четвртокот (25-ти февруари) претставникот на синдикатот Себастијан Опреску. Тој рече дека демонстрациите ќе бидат организирани во април во Букурешт, додека генералниот штрајк се очекува во средината на мај. Опреску рече дека околу 500.000 јавни службеници е можно да се приклучат на генералниот штрајк ако владата не ги почитува колективните договори за работни односи и продолжи со мерките за кратење на платите. Опреску, исто така, изрази загриженост во врска со неодамнешното соопштение на Министерството за труд, дека нема да реализира голем број колективни договори за работни односи оваа година. Во обид за намалување на трошоците, владата вели дека мора да го намали бројот на јавните службеници. Министерот за финансии, Себастијан Владеску, вели дека повеќе од 100.000 работни места ќе бидат скратени во текот на следните четири години. (Mедиафакс, Зиаре, Реалитатеа, новинска агенција Фокус - 25/02/10)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's