04/02/2010
ТИРАНА, Албанија -- Поништувањето на поморскиот пограничен договор со Грција е штетен за Албанија, вели Ванѓел Дуле, водач на опозициската партија Сојуз за човекови права. „Одлуката [на Уставниот суд во Тирана] му штети на имиџот на државата и кредибилитетот на нејзините преговори. Ние ја поддржуваме отворена Албанија, која е партнер на државите на НАТО и е подготвена за партнерство во ЕУ“, рече Дуле во средата (3-ти февруари). Претходно овој месец судот го поништи договорот со Грција, кој го одбележува континенталниот појас и поморската граница меѓу двете држави во Јонското Море. (Газета шкиптаре, Кориери - 04/02/10; Балкан веб, Ора њус, Телеграфи - 03/02/10)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's