02/02/2010
AНКАРА, Турција -- Новата прокурдска Партија за мир и демократија (БДП) го одржа својот прв конгрес во понеделникот (1-ви февруари), избирајќи го Селахатин Демиртас за свој водач. Демиртас (37) и Гултен Кисанак, избран за копретседател на партијата, беа пратеници кои ја претставуваа Партијата за демократско општество (ДТП), додека истата не беше забранета од Уставниот суд во декември поради наводните врски со терористичката Курдистанска работничка партија. Откако претходно навестија дека ќе отпочнат бојкот, поранешните пратеници на ДТП подоцна одлучија да се приклучат на БДП. Поранешниот водач на ДТП, Ахмет Турк, и поранешниот пратеник на ДТП Ајсел Туглик -- кои заедно со други 35 политичари добија забрана за политичка активност во период од пет години -- присуствуваа на конгресот во понеделникот. (Заман - 02/02/10; АП, новинска агенција Анадолу - 01/02/10)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's