02/12/2009
ТИРАНА, Албанија -- Во телефонскиот разговор од вторникот (1-ви декември) заменик-претседателот на Европската комисија (ЕК) Жак Баро му рече на премиерот Сали Бериша дека го поддржува процесот на визната либерализација на Албанија. Бериша го информираше Баро за напорите што се прават за исполнување на критериумите на ЕК за укинување на визниот режим, рекоа официјални извори блиски до владата.
Во понеделникот, на прославата во Брисел по повод визната либерализација за македонските, српските и црногорските граѓани, албанскиот министер за внатрешни работи, Љуљзим Баша, рече дека неговата земја наскоро ќе стане дел од безвизниот режим бидејќи исполни многу од условите. Тој истакна дека за само шест месеци, Албанија издаде 300.000 биометрички пасоши, и инсталираше контролни системи на пограничните премини, во согласност со европските безбедносни стандарди. (Шекули, Ора њус, Топ њус - 02/12/09; Лајме, НОА, Телеграфи, МИА - 01/12/09)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's