23/11/2009
БЕЛГРАД, Србија -- Опозициската Српска напредна партија (СНС) во неделата (22-ри ноември) вети дека ќе поднесе амандмани на статутот на Војводина. Според СНС, предлог-статутот и предлог-законот за предавање на надлежностите на провинцијата веќе ја водат Војводина кон сецесија. Пратениците на СНС рекоа дека нема да ја поддржат легислативата кога ќе стигне во парламентот за гласање. Други две опозициски партии -- Нова Србија и Демократската партија на Србија -- рекоа, исто така, дека ќе поднесат амандмани бидејќи, според нив, статутот е неуставен. Тие имаат намера да ја оспорат легислативата пред Уставниот суд. Дебатата за предлог-статутот и предлог-законот за предавање на надлежностите на Војводина ќе започне в четврток. (РТС, Танјуг, Фонет, Блиц - 22/11/09)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's