17/11/2009
ПРИШТИНА, Косово -- Централната изборна комисија (ЦИК) во понеделникот (16-ти ноември) ги објави прелиминарните резултати од локалните избори во неделата, според кои 20 од 36 општини ќе одржат втор круг во декември. Демократската партија на премиерот Хашим Тачи победи во пет општини во првиот круг, по што следи опозициската Алијанса за иднината на Косово, со четири општини и Демократската лига на Косово со три општини. Српските партии победија во три нови општини, додека турската Демократска партија на Косово победи во Мамуша/Мамуса. Претседателката на ЦИК, Несрин Љушта, рече дека конечните резултати се очекуваат до крајот на неделава. Нерегуларностите беа мали, рече таа.
Но, опозициската партија Нова косовска алијанса објави видео-снимка на која изгледа како членовите на изборната комисија во Ѓаковица да ги полнат гласачките кутии по затворањето на избирачките места. Локалните медиуми објавија видео-снимки од Витина, на кои, исто така, се гледа ваква ситуација.
Во меѓувреме, претставниците на шест српски партии кои учествуваа на изборите во Грачаница, ја обвинија Независната либерална партија (СЛС) и косовската влада за местење на гласовите и бараат поништување на резултатите. Партиите велат дека премиерот Тачи финансиски ја поддржал СЛС со цел да влијае на гласачите. (Коха Диторе, Косова Сот - 17/11/09; ТВ21, Кохавижн, РТК - 16/11/09)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's