16/11/2009
TИРАНА, Албанија -- Градоначалниците и високи општински претставници од опозициската Социјалистичка партија (СП) во неделата (15-ти ноември) протестираа пред канцеларијата на премиерот Сали Бериша, поради владините закани за намалување на надлежностите на локалните водачи. Водачот на СП Еди Рама, кој е, исто така, и градоначалник на Тирана, остро го критикуваше Бериша за „систематско удирање“ на локалните водачи, со тоа што им се меша во нивните надлежности. Тој ги покани сите Албанци да потпишат петиција во која ќе го повикаат Бериша да прекине со својата „недемократска, противуставна и противзаконска политика“. Рама, исто така, најави серија услови што владата мора да ги исполни до 5-ти декември, или ќе се соочи со радикални протести. (Газета шкиптаре, Шкип - 16/11/09; Шекули, Топ ченал - 15/11/09)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's