13/11/2009
ПРИШТИНА, Косово -- Дојде време за телевизиски канал кој ќе емитува програма на српски јазик, објавија меѓународниот цивилен претставник (ИЦО) Питер Фејт и премиерот Хашим Тачи во четвртокот (12-ти ноември). „ИЦО и владата на Косово се решени да формираат незвисен радиотелевизиски сервис“, објавија двајцата претставници во заедничко соопштение. „Работата во медиумскиот сектор во изминатава година покажа дека српските говорители во Косово сакаат да добиваат информации и забава од косовско производство, на својот јазик“, се цитира изјавата на Фејт. Тачи рече дека „ја поддржува слободата на изразувањето на мајчин јазик како уставна обврска и неотуѓиво човечко право за сите“. (Зери, Експрес, Косова Сот, Коха Диторе, Лајм - 13/11/09)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's