10/11/2009
САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Опозициската Социјалдемократска партија (СДП) во понеделникот (9-ти ноември) ја одби поканата на претседателот на Бошњачката партија за демократска акција, Сулејман Тихиќ, за разговори во врска со уставните измени. Од СДП рекоа дека ќе одговорат само на покани од ЕУ или Соединетите Држави. Две средби во изминатиот месец завршија без договор за реформите кои би ја придвижиле БиХ кон интеграција во НАТО и ЕУ. Тихиќ ги повика водачите на главните партии на Бошњаците, Србите и Хрватите да се состанат за да ги продолжат разговорите со цел прекинување на долгиот политички ќор-сокак. Харис Силајџиќ, од Партијата за Босна и Херцеговина, беше првиот кој го одби предлогот. (РТРС, Срна, Sarajevo-x.com - 09/11/09)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's