05/11/2009
САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Припадниците на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) во средата (4-ти ноември) уапсија поранешен командант на босанските муслимани, осомничен за воени злосторства врз цивилите извршени за време на конфликтот во земјата во периодот 1992-1995 година. Нихад Бојаџиќ, заменик-командант на специјалната единица предводена од муслимани, наречена Зулфикар, беше притворен во Сараево. Тој е осомничен за убиство на 22 Хрвати -- 19 цивили и тројца војници -- во април 1993 година, за време на нападот на селото Трусина. Четири други лица, од кои две деца, беа повредени. Во септември четворица босански муслимани беа уапсени по истите обвиненија.
Исто така во средата, тим на ММФ пристигна во Сараево за прв преглед на спроведувањето на стенд-бај аранжманот од 1,2 милијарди евра. БиХ повлече 202 милиони евра од првата транша на заемот и се надева дека ќе добие други 100 милиони евра до крајот на годинава. (РТРС, Фена, Срна, Дневни аваз, АП, Ројтерс - 04/11/09)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's