03/11/2009
ХАГ, Холандија -- Обвинителите во случајот на воени злосторства на поранешниот водач на босанските Срби Радован Караџиќ во понеделникот (2-ри ноември) го завршија својот воведен збор, фокусирајќи се на геноцидот во Сребреница во 1995 година. Обвинителот Алан Тајгер рече дека Караџиќ им наредил на силите на босанските Срби да ја нападнат енклавата, убивајќи преку 7.000 муслимански цивили. „Тој знаеше дека се убиваат мажи, тој ги прикриваше масовните протерувања и убиствата, и продолжува да го прави тоа и до ден денешен, и единствено жали од целата операција што избегаа некои муслимански мажи“, истакна Тајгер. Тој, исто така, го обвини Караџиќ за 44-месечната „кампања на терор“ против цивилите за време на опсадата на Сараево. Караџиќ, кој го бојкотираше почетокот на судењето, ќе се појави на процедуралните рочишта во вторник за да побара повеќе време за подготовка на својата одбрана. Тој се соочува со 11 точки од обвинението за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото, извршени за време на босанскиот конфликт. (Ројтерс, АФП, Б92, Бета - 02/11/09)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's