02/11/2009
САРАЕВО, Босна и Херцеговна (БиХ) -- Рускиот амбасадор во Сараево Александар Бочан-Харченко, во неделата (1-ви ноември) рече дека Москва го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на БиХ. Во интервју за ФТВ, тој рече дека Русија сé уште верува оти има шанси за договор во врска со реформите меѓу водачите на муслиманската, српската и хрватската заедница. Бочан-Харченко истакна дека измените во уставот може да ги направи само БиХ, и дека меѓународната заедница дејствува само како советник. Соединетите Држави и ЕУ минатиот месец одржаа два круга разговори за уставните реформи во кампот Бутмир, во близина на Сараево, на кој учествуваа водачите на седумте најголеми политички партии во земјата. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, планира да ја посети БиХ в четврток. (Дневни аваз, Танјуг, Б92, РТС - 01/11/09)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's