01/11/2009
СКОПЈЕ, Македонија -- Премиерот Никола Груевски во петокот (30-ти октомври) рече дека неговата земја нема да го смени своето име без референдум. Тој имаше неформален состанок во четвртокот со грчкиот премиер Јоргос Папандреу, на маргините од самитот на Европскиот совет во Брисел. Во интервју за новинската агенција МИА, Груевски истакна дека неговата влада ја поддржува идејата за референдум, иако некои високи претставници на ЕУ -- вклучително и шефот за надворешна политика Хавиер Солана -- ја отфрлија. Груевски истакна дека без референдум, не постои можност да се реши долготрајниот спор со соседна Грција. (Утрински весник - 31/10/09; AП, МИА, А1, Сител - 30/10/09)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's