01/11/2009
БЕЛГРАД, Србија -- Полицијата уапси неколку стотини луѓе во саботата (31-ви октомври) во градови низ земјата, како дел од операцијата против дрогата. Операцијата, наречена Морава, вклучи околу 2.000 полицајци. Истата започна во 6 часот изутрина, и беше насочена против мрежа дилери на дрога, активна претежно во училиштата. Министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, рече дека преку 600 станбени објекти биле претресени и биле запленети неколку десетици килограми дрога, оружје, готовина и украдени автомобили. Премиерот Мирко Цветковиќ рече дека истата докажува оти владта се бори со сите форми на криминал и корупција, и дека „никој нема да биде заштитен или поштеден“. (Beta, RTS, B92, Tanjug, AP, Reuters - 31/10/09)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's