30/10/2009
ПРИШТИНА, Косово -- Претседателот Фатмир Сејдиу во четвртокот (29-ти октомври) ја обвини стратегијата на меѓународната заедница за ситуацијата во северниот дел на Косово, каде што доминира српското население. „Проблемите на север се присутни веќе десет години како резултат на ситуацијата што беше создадена на почетокот [1999 година], или поради објективните околности создадени како резултат на недостатокот на ефикасност на меѓународните структури и злонамерните дејствувања на паралелните структури“, рече Сејдиу во своето годишно обраќање пред студентите на Правниот факултет при Универзитетот во Приштина. Тој додаде дека стратегијата на меѓународната заедница е да се избегнуваат провокации и да се оди „чекор по чекор“, додека косовската јавност сака да види побрз развој. Сепак, тој истакна дека официјалните претставници на меѓународната заедница се во Косово за да ја загарантираат независноста и суверенитетот на младата држава. (Коха Диторе, Експрес, Кохавижн - 30/10/09)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's