19/10/2009
AНКАРА, Турција -- Претседателот Абдула Ѓул во неделата (18-ти октомври) рече дека Анкара ќе продолжи да го критикува Израел ако направи „грешки“. „Турција е една од малкуте земји во светот која има добри односи како со Израел, така и со арапскиот свет“, рече Ѓул во интервју за државната телевизија ТРТ. „Сепак, тоа не значи дека Турција нема да го крене својот глас против грешките, ако такви грешки бидат направени. Не треба да се мисли дека Турција ќе молчи“, рече Ѓул.
Односите меѓу Турција и Израел се заладени уште од јануари, кога Анкара ја критикуваше воената операција на Израел во појасот Газа. Тензиите се зголемија минатата недела, кога Турција го исклучи Израел од рутинската воена вежба, која се одржуваше во земјата. Набргу потоа, Израел ја критикуваше Турција за серијата емитувана на државната телевизија, која ги прикажува израелските војници како сурови убијци на деца.
Политика на враќање со еднаква мерка продолжи и оваа недела. Израелскиот синџир кафулиња Илан објави дека престанува да нуди турско кафе, додека не се подобрат односите меѓу двете земји. Националниот авиопревозник ЕИАИ, пак, во неделата објави дека неговото здружение на вработени и оние на неколку други големи израелски претпријатија одлучиле да прекинат со паричната помош за одморите на персоналот во Турција, за време на Пасха. (AFP, Press TV, Ha'aretz - 18/10/09)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's