12/08/2009
ТИРАНА, Албанија -- Селани во понеделникот (10-ти август) спречија тим европски инспектори да влезе во куќа која, наводно, ја користеле косовските бунтовници за собирање човечки органи од стотици српски жртви за време на конфликтот во Косово во периодот 1998-1999 година. Жителите на селото Рипа го блокираа патот во период од два часа и ги спречија инспекторите на Советот на Европа (СоЕ) да влезат во куќа без налог издаден од албанските обвинители, објавија локалните медиуми во вторникот. Инспекторите, предводени од специјалниот известувач на СоЕ Дик Марти, беа принудени да се откажат од напорите за посета на семејната куќа на Катуци. Марти беше во Албанија во рамките на својата мисија на утврдување на фактите, која вклучуваше и посети на Србија и Косово. Неговиот тим ги проверува српските наводи дека косовските бунтовници убиле 500 српски државјани во Албанија со цел да ги отстранат и продадат нивните органи во странство. Жртвите биле киднапирани во Косово. (AФП, Њус 24 - 11/08/09)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's