09/08/2009
ТИРАНА, Албанија -- Албанија е подготвена да покрене истраги во врска со наводите за трговија со органи за време на косовскиот конфликт, но вели дека секоја истрага на нејзината територија мора да биде спроведена од домашните власти. По состанокот со специјалниот известувач на Советот на Европа Дик Марти, министерот за правда, Енкеилед Алибеај, за новинарите изјави дека владата е „отворена за сите барања“ за истрага, врз основа на критериумите на СоЕ. Но, тој исто така рече дека само домашните обвинители се овластени да спроведуваат истраги на албанска територија, отфрлајќи ја можноста за меѓународна истрага.
Србија тврди дека членовите на сега распуштената Ослободителна војска на Косово (ОВК) киднапирале српски цивили за време на косовскиот конфликт, ги носеле во кампови во северна Албанија и им ги отстранувале органите за продажба на црниот пазар. (AФП, Косово тајмс - 07/08/09)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's