15/05/2009
САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Високиот претставник Валентин Инзко во четвртокот (14-ти мај) ги отфрли повиците на пратениците во Република Српска да се откаже од Бонските надлежности што ги има, а кои му овозможуваат да отпушта официјални претставници и да воведува или поништува закони. Пратениците од босанските Срби усвоија документ во кој го повикуваат Инзко да се откаже од овој „недемократски и застарен метод на управување со БиХ“. Според Дејтонскиот договор, високиот претставник има овластување да отпушта функционери кои се сметаат за закана по мирот и стабилноста. Неговиот портпарол, Марио Бркиќ, коментираше дека Инзко целосно ќе го остварува својот мандат. (РТРС, БХРТ, Фена, Дневни аваз, Танјуг, БТА, Ројтерс - 14/05/09)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's