16/03/2009
ПРИШТИНА, Косово -- Спроведувањето на планот за Косово на поранешниот посредник на ОН, Марти Ахтисари, познат и како Сеопфатен предлог за статусот, ќе биде комплетиран следниот февруари, објавија во понеделникот (16-ти март) локалните медиуми. Меѓународната управна група -- формирана пред една година од страна на 15 држави кои ја признаа независноста на Косово -- ќе го проверат документот две години по неговото усвојување. Спроведувањето започна кога меѓународниот цивилен претставник Питер Фејт беше назначен на позиција во Косово. Тој вели дека најголемиот предизвик доаѓа оваа година со спроведувањето на новите закони.
Во другите вести, Приштина ги подготвува своите документи за тужбата што Србија ја поднесе во Меѓународниот суд на правдата за утврдување на легитимноста на независноста на Косово. Заменик-министерот за одбрана, Влора Цитаку, во неделата рече дека Приштина ги презеде сите потребни черкори за да го претстави Косово во најдобро можно светло со помош на меѓународните партнери. „Косово има мозаик од аргументи потребни да ја одбрани својата декларација за независност“, рече Цитаку. (Коха Диторе, Косова Сот, Зери, Кохавижн - 16/03/09)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's