13/03/2009
ТИРАНА, Албанија -- Американскиот амбасадор во Тирана, Џин Витерс, вели дека Албанија наскоро ќе му се приклучи на НАТО како полноправна членка и ќе се брани себеси и своите партнери. Албанија се очекува да й се приклучи на Алијансата на нејзиниот самит во Стразбур-Кел на почетокот од април.
Во другите вести од четвртокот (12-ти март) амбасадорот на ОБСЕ Робер Бош ги повика сите албански граѓани да аплицираат за нови лични карти. Бош го упати апелот за време на посетата на општинскиот центар во Тирана со народниот правобранител Емир Добјани.
Исто така во четвртокот, парламентот го усвои претседателскиот декрет со кој се назначува Ардијан Турку за нов министер за туризам, култура, млади и спорт. Пратениците, исто така, го одобрија разрешувањето на поранешниот министер Или Панго, кој беше сменет откако на телевизија беше емитувана снимка на која се гледа како им бара сексуална услуга на две девојки заради вработување.
Во другите вести, генералниот обвинител Ина Рама во четвртокот објави дека истрагите за минатогодишните експлозии на муниција во Гердец се завршени и дека неговата канцеларија наскоро ќе го испрати случајот во судот. Земјата во неделата ја одбележа првата годишнина од смртоносните експлозии. (Балкан веб, Телеграфи, Њус 24, Алсат, Шекули, ББС, Топ ченал, Клан - 12/03/09)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's