13/03/2009
БЕЛГРАД, Србија -- Високи политичари, меѓу кои и претседателот Борис Тадиќ и премиерот Мирко Цветковиќ, како и илјадници ожалостени луѓе, му оддадоа почит на починатиот премиер Зоран Ѓинѓиќ во четвртокот (12-ти март), на шестата годишнина од неговиот атентат. Претставници на Демократската партија на Ѓинѓиќ и неговата сопруга, син, мајка и сестра положија цвеќе и запалија свеќи на неговиот гроб. Поранешни министри во неговата влада и министри во актуелната влада, исто така, му оддадоа почит. На пладне, повеќе од 3.000 луѓе се приклучија на маршот во центарот на Белград во знак на сеќавање на проевропскиот водач, кој беше убиен на 12-ти март 2003 година пред зградата на парламентот. Ѓинѓиќ ја предводеше првата реформистичка влада на Србија по соборувањето на режимот на Слободан Милошевиќ.
Во другите вести од четвртокот, вицепремиерот Божидар Ѓелиќ рече дека Србија сака да ја поднесе својата апликација за членство во ЕУ оваа година. Тој се состана со британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Милибенд, и министерката за прашањата на ЕУ, Каролин Флинт, во Лондон. Комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен, й препорача на Србија да не брза со апликацијата. (AФП, Бета, Б92, Фонет - 12/03/09)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's