Фејт вели дека Косово е во основа стабилно откако прогласи независност

17/09/2008

СТРАЗБУР, Франција -- Косово останува релативно стабилно седум месеци по прогласувањето независност, рече во вторникот (16-ти септември) специјалниот претставник на ЕУ во Косово, Питер Фејт, во својот прв говор пред комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент. Фејт даде високи оценки за напредокот на владата во поглед на легислативата со цел заштита на малцинствата и верското и културно наследство, како и за процесот на децентрализација на власта.

Во меѓувреме, српскиот министер за Косово, Горан Богдановиќ, во вторникот изјави дека присуството на ЕУЛЕКС во Косово без соодветен мандат на ОН е неприфатливо. За време на состанокот со советникот за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Стефан Лен, Богдановиќ го потврди противењето на Србија на мисијата, тврдејќи дека нејзиното присуство во поранешната српска покраина треба биде дел од едено координирано меѓународно присуство. (Зери, Лајм, Коха Диторе, Телеграфи, Бета, Б92 - 17/09/08; Taнјуг - 16/09/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading