17/07/2008
TИРАНА, Албанија -- Парламентарните избори ќе се одржат во јуни 2009 година, рече Фатмир Џафа, шеф на парламентарната комисија за изборните реформи во средата (16-ти јули). Мандатот ќе трае четири години. Комисијата, исто така, разговараше околу предлогот на Социјалистичкото движење за интеграција да ја вклучи албанската дијаспора во идните избори.
Во другите вести од средата, министерот за одбрана, Газменд Окета, ги објави плановите за испраќање повеќе од 95 војници во Ирак во септември. Во моментов 120 албански војници служат во јужниот регион на Мосул. (Коха Јоне, Шекули, Шкип, Газета шкиптаре - 17/07/08; Tоп ченал, Шкип, Шекули, Ксинхуа - 16/07/08)