Македонскиот претседател Црвенковски нема да се кандидира за уште еден мандат

17/07/2008

СКОПЈЕ, Македонија -- Претседателот Бранко Црвенковски во четвртокот (17-ти јули) за весникот Дневник изјави дека нема да бара уште еден мандат. Црвенковски, кој ја предводи најголемата опозициска партија, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, рече дека неговата одлука е конечна. „Вршењето на претседателската функција ме упатува на кохабитација со владата [предводена од премиерот Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ], со чија политика по многу прашања јас не се согласувам“, објасна Црвенковски. Неговиот петгодишне мандат истекува во 2009 година. (Дневник, Утрински весник, Вечер - 17/07/08; A1 - 16/07/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading