ДС и ЛДП потпишаа договор за соработка за интеграцијата во ЕУ

17/07/2008

БЕЛГРАД, Србија -- Парламентарните групи на Демократската партија (ДС) и Либерално демократската партија (ЛДП) во средата (16-ти јули) потпишаа договор за соработка, за поддршка на политиката и легислативата на Србија за интеграција во ЕУ. Договорот ќе се однесува особено на судските реформи и законот за комуникации, како и на законот за националната безбедност. ЛДП објави дека ова не мора да значи и поблиски меѓупартиски врски, со оглед на тоа што партијата сé уште се противи на тоа што ДС се согласи да соработува со Српската социјалистичка партија. Сепак, ЛДП е можно да поддржи некои законски иницијативи, можеби дури и позицијата на земјата за Косово.

Во другите вести од средата, министерот за надворешни работи, Вук Јеремиќ, во Париз се состана со францускиот колега Бернард Кушнер. Тие изразија различни мислења за Косово, но рекоа дека и двајцата сакаат Србија да стане дел од семејството на ЕУ. Кушнер рече дека разговорите биле „долги, јасни и искрени“. (Б92, Бета, Блиц, Танјуг, АФП - 16/07/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading