Голем шумски пожар се закани да зафати села во Грција; во Албанија уапсени осомничени подметнувачи на пожар

16/07/2008

AТИНА, Грција -- Голем шумски пожар доведе до евакуација на две села и можеше да зафати и фабрика со муниција во центарот на Грција во вторникот (15-ти јули), објавија локалните медиуми. Пожарот уништи две куќи во Оинои, околу 60 километри северозападно од Атина. Локалните пожарникари ја предводеа евакуацијата на селата Панактон и Пили. Властите рекоа дека пожарот се раширил на 20 метри од фабрика за муниција надвор од Атина пред пожарникарите да успеат да го стават под контрола.

Во другите вести од вторникот, албанската полиција уапси четири лица во врска со серијата подметнати пожари кои предизвикаа значителна штета во јужна Албанија. Четворица се соочуваат со обвиненија за штета на голем број станбени објекти и една фабрика во близина на Валона и Фиер. (AНА-МПА, Катимерини, Нафтемборики, СКАИ, Коха Јоне, Балканвеб, Њус 24 - 16/07/08, Eлефтерос типос, АФП, АП, Филелефтерос - 15/07/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading