16/07/2008
ТИРАНА, Албанија -- Генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, во вторникот (15-ти јули) за ББС изјави дека Албанија ќе стане полноправна членка на НАТО на следниот самит во Стразбур, Франција, напролет. Говорејќи за шансите за евроатланска интеграција на земјите во регионот, Де Хоп Шефер рече дека тие зависат од процесот на ратификација од страна на членките на НАТО. Тој додаде дека Албанија има уште многу да помине во поглед на реформите што мора да ги спроведе. (Панорама, Коха Диторе, Балканвеб, Шекули - 16/07/08; ББС - 15/07/08)