Кушнер посочува дека е можен напредок во разговорите за пристап во ЕУ со Србија

16/07/2008

ПАРИЗ, Франција -- Министерот за надворешни работи, Бернард Кушнер, во вторникот (15-ти јули) посочи дека напредок во односите со Србија, кој ќе ја доближи до ЕУ, е можен. Говорејќи пред членовите на Европскиот парламент, Кушнер, чија земја го презеде ротирачкото претседатселство на ЕУ на 1-ви јули, истакна дека три настани би можеле да се случат до крајот на годинава -- усвојувањето на трговскиот договор, ратификацијата на Договорот за стабилизација и асоцијација на Србија и одредбата на Европската комисија на мандат за почеток на разговорите за пристап со Србија. Кушнер истакна дека првите два целосно зависат од дејствата на Србија во однос на соработката со Хашкиот трибунал за воени злосторства. Тој во средата во Париз се состана со српскиот колега Вук Јеремиќ, на разговори околу интеграцијата во ЕУ. (Taнјуг - 16/07/08; Бетa - 15/07/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading