Војниците на ЕУФОР го претресоа домот на сопругата на Караџиќ во БиХ

16/07/2008

САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Војниците на ЕУФОР го претресоа домот на Лилјана Зелен-Караџиќ, сопругата на обвинетиот за воени злосторства Радован Караџиќ, во градот Пале, 20 километри југоисточно од Сараево, рано во вторникот (15-ти јули). „Претресот беше извршен за материјали и/или информации што можат да му помогнат на Хашкиот трибунал во тековната истрага и фаќањето на лицата обвинети од страна на Трибуналот, како и за да се изврши притисок на мрежите за кои се верува дека се вмешани во заштитата на овие лица“, соопшти ЕУФОР. „Беа собрани корисни информации од местото и истите се однесени на анализа“, се додава понатаму. Караџиќ се наоѓа во бегство 13 години. (Блиц, РТРС, СРНА, ДПA - 15/07/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading