13/07/2008
СОФИЈА, Бугарија -- Претседателот на бугарскиот фудбалски клуб Литекс, Ангел Бончев, кого киднаперите го киднапираа на 22-ри мај, беше ослободен во петокот (11-ти јули). Властите го пронајдоа во Софија. Но, министерот за внатрешни работи, Михаил Миков, ги потврди извештаите во медиумите дека киднаперите ја киднапирале сопругата на Бончев додека го плаќала откупот за нејзиниот сопруг. (БНР, БНТ, БТА, БГНЕС - 11/07/08)