10/07/2008
СОФИЈА, Бугарија -- Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс помина пет часа во Софија во средата (9-ти јули), при што се состана со високи владини претставници и доби највисоко бугарско државно признание, „Стара Планина“, за нејзината улога во ослободувањето на петте бугарски медицински сестри и еден палестински лекар во Либија минатата година. На состанокот со министерот за надворешни работи Ивајло Калфин, Рајс разговараше околу изгледите за проширување на енергетската соработка помеѓу САД и Бугарија. Калфин за НТВ телевизија по состанокот изјави дека гасоводот Набуко бил централна точка на агендата.
Од другите прашања за кои било дискутирано се укинувањето на визниот режим за бугарските туристи и бизнисмени во куса посета на САД. (Ројтерс, БТА, БНР, Фокус - 09/07/08)