10/07/2008
ПРИШТИНА, Косово -- Косовската влада во средата (9-ти јули) побара од меѓународната заедница во Приштина и Белград да го смири северно Косово со цел да им овозможи на правните институции да си ја вршат својата функција. „Јас сум во постојан контакт со градоначалникот на [Mитровицa] Бајрам Реџепи и ние ги преземаме неопходните мерки“, рече премиерот Хашим Тачи. Во Митровица Реџепи му постави ултиматум на УНМИК да ја реши ситуацијата во селото Сухадол, каде што проектот за нафтоводот предизвика меѓуетнички тензии помеѓу Албанците и Србите, во кои неколку лица беа повредени.
Во другите вести на оваа тема, Меѓународната цивилна канцеларија во средата објави водич за спроведување на планот за решавање на статусот на Косово од страна на специјалниот претставник на ОН Марти Ахтисари.
Исто така во Приштина, мисијата на ОБСЕ во среда ги повика косовските институции да го спроведат законот за јазиците кој, според мисијата, треба допрва да го спроведат и препорача училиштата да обезбедат настава и на српски јазик. (Коха Диторе, Зери, Епока е ре, Експрес, Лајм - 10/07/08; Кохавижн, РТК - 09/07/08)