Пензионирани генерали официјално уапсени во аферата Ергенекон

06/07/2008

АНКАРА, Турција -- Полицијата уапси десетмина осомничени, вклучително и двајца генерали, за нивното наводно учество во ултранационалистичката секуларистичка група Ергенекон, за која властите се сомневаат дека ковала заговор за државен удар против владата, објави агенцијата Анадолу во саботата (5-ти јули). Властите во вторникот ги уапсија пензионираните генерали Сенер Ерјугур, поранешниот командант на жандармериските сили, и Хурст Толон, поранешен командант на Првата армија. Тие официјално ги уапсија во саботата и ги испратија во затворот во Истанбул претходно во неделата, рече Хуријет. Адвокатот на одбраната Филис Есен ги негираше обвинувањата дека тие двајцата се едни од водачите на Ергенекон. Во петокот обвинителството рече дека тие ќе го одложат обвинението против Ергенекон заради новите апсења и откритија. (Хуријет, Милијет, ИТАР-ТАСС - 06/07/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading