Саркози ја повика Македонија да го реши спорот околу името со Грција

03/07/2008

СКОПЈЕ, Македонија -- Францускиот претседател Николас Саркози ја повика Македонија да ги интензивира напорите за решавање на својот долготраен спор околу името со Грција. Според извештаите на медиумите во средата (2-ри јули), тој испратил писмо до својот македонски колега Бранко Црвенковски, уверувајќи го дека Франција ја поддржува кандидатурата на Македонија за влез во НАТО веднаш штом земјата ќе ги исполни неопходните критериуми. Тој додава дека спорот околу името повеќе не треба да биде пречка за интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ. Грција, поддржана од Франција, стави вето на кандидатурата на Македонија за членство во НАТО во април, поради спорот околу името. (Катимерини - 03/07/08, Maкфакс, АП, Ксинхуа - 02/07/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading