Македонската изборна комисија ги отфрли најновите приговори

03/07/2008

СКОПЈЕ, Македонија -- Државната изборна комисија (ДИК) во средата (2-ри јули) ги отфрли одолжените приговори во врска со неодамнешните парламентарни избори. Партијата за демократски просперитет (ПДП) ги поднесе по второто прегласување во неколку села на етничките Албанци минатата недела. ПДП сега има рок од два дена да ја обжали одлуката на ДИК пред Врховиот суд. Во спротивно изборните резултати ќе бидат конечни. Министерството за внатрешни работи вели дека уапсило 62 лица и поднесло обвиненија против 171 лице во врска со инцидентите и нерегуларностите што ги нарушија изборите.

Во меѓувреме, мандаторот Никола Груевски продолжува со разговорите за формирање на новата владејачка коалиција. Во четврток водачот на ВМРО-ДПМНЕ ќе се состане со водачите на Демократската унија за интеграција, Демократската партија на Албанците и Партијата за европска иднина. Набљудувачите очекуваат нова влада до средината на јули. (Mакфакс, МИА, Фокус - 02/07/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading