Хашкиот суд ја поништи пресудата за командатот на босанските муслимани Ориќ

03/07/2008

ХАГ, Холандија -- Апелационата комисија на Трибуналот на ОН за воени злосторства во четвртокот (3-ти јули) ја поништи пресудата за Насер Ориќ, командант на муслиманските сили во Сребреница од 1992 до 1995 годијна. Пред две години Хашкиот трибунал го осуди на две години затвор поради тоа што не ги спречил војниците под негова команда да извршат воени злосторства врз српските цивили во Сребреница, пред злогласниот масакр таму. Апелационата комисија нареди негово итно ослободување во средата, со оглед на должината на времето што тој го помина во притвор. Ориќ (41) ужива репутација на херој помеѓу голем број Бошњаци, дека се обидел да ја одбрани Сребреница од силите на босанските Срби кои напредувале во 1995 година. (ББС, АП, АФП, Ројтерс - 03/07/08

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading